За нас

Целта на отворањето на THRIVITY кариерниот центар е да ги поддржи лицата во процесот на пронаоѓање работа, промена на работното место и развој на нивната кариера.

Можност да се стекнат со основни познавања најнапред за себе преку посебни алатки за самооценување на интересите кои ги имаат и компетенциите кои ги поседуваат, понатаму ги поттикнува во процесот на поставување цели и креирање личен план за пронаоѓање работа, промена на работното место и развој во кариерата.

Дејан Ваневски

Моето 18 годишно работно искуство доаѓа од работа во странски и локални компании од кои најдолго во Wrigley и Mars. Фокусот од секогаш ми биле луѓето и силно сум уверен дека само со вистинските луѓе на вистинско место се доаѓа до успешни бизнис резултати. Процесот на работа со луѓе може да се замисли како тркало кое постојано се врти, почнувајќи со регрутирање на соодветните кандидати, успешен процес на тренинг, менторски и коучинг програми и евалуација на перформансите и однесувањето.

Последниве 15 години поле на интерес ми е пренесување на моите знаења и искуства преку развојни програми на темите: бизнис планирање, развој на продажни тимови, коучинг, преговарање, лидерство, управување со таленти и други…

Можноста да се приклучам на тимот на АПОД за мене отвара нови професионални и животни хоризонти и ми претставува предизвик стекнатите способности и компетенции понатаму да ги ставам во функција на развојот на луѓето како најважна алка во бизнисот.

Поликарп Арсеновски

Со повеќе од 20 годишно професионално искуство на различни лидерски позиции во McDonaldsWrigley и Mars, но, исто така, и како претприемач и косопственик, во Јануари 2018 година го основав АПОД со цел да се фокусирам на нови искуства, и да го споделам своето знаење и стручност со други организации во регионот.

Мојот фокус се Луѓето… Управување со Човечкиот капитал во организацијата и нејзината култура…

Луѓето не се ,,средство’’, тие се нашиот основен ресурс за успех и оттука мојата порака дека сите ние како лидери имаме обврска да креираме јасна визија за управување на организацијата, да создадеме извонредни услови за работа и да се однесуваме кон луѓето со високо ниво на достоинство и почит.

 

Марија Акимовска

Во моето претходно 10-годишно работно искуство во областа на бизнис и претприемништво, имав прилика одблизу да се запознаам со начинот на водење на бизнисите на македонски и странски компании.

Инспирирана од предизвиците со кои се соочуваат мноштвото компании во областа на управување со човечки капитал, како и од желбата да работам на можни решенија за истите, од јули 2019 станав дел од тимот на АПОД и ја следам мисијата за креирање на отворентранспарентен и конкурентен пазар на труд.

Лично верувам дека луѓето го прават бизнисот, па оттука се залагам за поддршка и развој на луѓето кои бараат работа, како и компаниите кои вработуваат.