За кого е наменет кариерниот центар Thrivity?

За лицата кои бараат работа, размислуваат за промена на работното место и за развој на нивната кариера.

 

Кариерниот центар ги поддржува лицата да се стекнат со основни познавања најнапред за себе преку посебни алатки за самооценување на интересите кои ги имаат и компетенциите кои ги поседуваат, понатаму ги поттикнува во процесот на поставување цели и креирање личен план за пронаоѓање работа, промена на работното место и развој во кариерата.