Услови за користење

Друштвото за услуги АПОД ДООЕЛ Гевгелија, со седиште на ул. Маршал Тито Г.Т.Ц. бр.23, 1480 Гевгелија, со ЕМБС 7241720 (во понатамошниот текст “АПОД”), овозможува користење на услугите и содржините на Сервисот www.thrivitycareercenter.mk на начин утврден со овие Услови за користење.

Дефиниции

  • „Сервис” – Веб страна, ИКТ технологија, на која луѓето внесуваат свои податоци со цел да се пријават како учесници на бесплатна обука.
  • „Услови за користење” е терминот за овие услови за користење, како и нивните последователни измени и дополнувања кои се обврзувачки за сите Корисници кои го користат Сервисот;
  • “Корисник” е секое физичко лице, кое внесува и испраќа свои лични податоци.

Користење на Сервисот

Користењето на Сервисот од страна на Корисниците е бесплатно.

Со внесување на лични податоци (име и презиме, е-маил адреса, телефонски број, работен статус и информации оставени во порака) Корисниците аплицираат на бесплатни обуки по претходно утврдена и објавена агенда.

Се забранува користење на Сервисот за било кои други цели, освен за оние за кои е предвиден и наменет.

Заштита на личните податоци    

Со внесување на податоци на Сервисот, Корисниците даваат согласност на АПОД за обработка на нивните лични податоци за цели на користење на иситот: аплицирање на бесплатни обуки по претходно утврдена агенда, креирање на групи за обуки, комуникација со корисниците поврзана со испраќање на информации и материјали, потсетување и контактирање за следни обуки.

Интелектуална сопственост

Знаците, логоата и слоганите, содржините, цртежите кои се објавени и ги користи Сервисот, интерфејсот (изгледот) и дизајнот на Сервисот, како и базите на податоци кои произлегуваат од функционирањето на Сервисот претставуваат интелектуална сопственост на АПОД согласно Законот за авторското право и сродните права и Законот за индустриска сопственост.

Авторското право и сродните права, како и правата на индустриска сопственост уживаат кривична, граѓанска и прекршочна заштита.

Строго се забранува секој вид на неовластено преземање, користење, копирање, модификување, продажба, дистрибуирање или друга злоупотреба на интелектуалната сопственост на АПОД. Во случај на било каков вид на злоупотреба, АПОД ќе биде овластен да ги преземе сите мерки и дејствија во согласност со законот.

Се забранува неовластено преземање, користење, копирање, модификување, продажба, дистрибуирање или злоупотреба на интелектуалната сопственост, на трети лица или на Корисницитe, која е објавена на Сервисот.

Веродостојност на податоците, несоодветна содржина и одговорност за штета

Внесувањето и користење на веродостојни и соодветни податоци при внесување податоци во Сервисот е должност и целосна одговорност на Корисниците.

Сервисот односно АПОД, не е одговорен за содржината, вистинитоста и точноста на податоците внесени преку Сервисот од страна на Корисниците. Сервисот односно АПОД ќе биде изземен од одговорност за надомест на било каква материјална и/или нематеријална штета што би можела директно или индиректно да биде предизвикана поради употреба на неверодостојни податоци или злоупотреба на податоците од страна на Корисниците.

Промени, прифаќање на Правилата и условите, применливо право и судска надлежност

АПОД го задржува правото на промена на овие Услови за користење, како и отстранување (привремено или трајно), дополнување или модификување на услугите или било која содржина на Сервисот без обврска за претходна најава. АПОД го задржува правото, привремено или трајно, да го прекине функционирањето на Сервисот, во било кое време и без претходна најава. АПОД не е одговорен за евентуална штета која би можела да настане во овие случаи.

Со внесување податоци на Сервисот, Вие изјавувате дека сте се запознале и во потполност сте ги разбрале и прифатиле овие Услови за користење. Овие Услови за користење, како и сите нивни последователни измени и дополнувања се обврзувачки за сите Корисниците кои го користат Сервисот.

При промена на Условите за користење ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Повремено посетувајте ги Условите за користење за да бидете запознаени со евентуалните промени.

Доколку не се согласувате со овие Услови за користење и/или со Политиката за приватност, би Ве замолиле да не пристапувате и/или користите нашиот Сервис.

 

За сите прашања помеѓу АПОД и Корисниците покрај одредбите на овие Услови за користење и Политиката за приватност се применуваат и позитивно правните прописи на Република Северна Македонија.

Во случај на потенцијални спорови помеѓу АПОД и Корисниците, кои можат да произлезат од користењето на Сервисот, а кои не е возможно да бидат решени спогодбено, месно надлежен ќе биде стварно надлежниот суд во Скопје.

Контакт:

info@thrivity.mk

Друштвото за услуги АПОД ДООЕЛ Гевгелија

ул. Маршал Тито Г.Т.Ц. бр.23

1480 Гевгелија

 

Објавено на: 12.08.2020