Политика на приватност

Оваа Политика за приватност се однесува на www.thrivitycareercenter.mk (во понатамошниот текст “Сервисот”) во сопственост на Друштвото за услуги АПОД ДООЕЛ Гевгелија, со седиште на ул. Маршал Тито Г.Т.Ц. бр.23, 1480 Гевгелија, со ЕМБС 7241720 (во понатамошниот текст “АПОД”) и дава информации за начинот на обработка на податоците на посетителите и Корисниците на Сервисот.

АПОД е посветен на заштита на приватноста на Корисниците. Обработката на личните податоци на Сервисот се врши во согласност со оваа Политика за приватност, интерните правила на АПОД и Законот за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија.

Категории на податоци

  • При посета на веб-сајтот, серверот креира логови за секој посетител односно ја регистрира Интернет протокол (IP) адресата на Корисникот и други технички податоци, како на пример датум / време на барање, бараната веб страница со универзален ресурсен локатор (URL), HTTP-код и бајти што се сервираат при посетата.
    Логовите на системско ниво не содржат лични податоци за корисникот и се користат исклучиво за пронаоѓање и решавање на проблеми во рамките на инфраструктурата на Сервисот. Овие серверски логови може да се користат и за да се испитаат шемите за интернет сообраќај според денот или денот во неделата, како и за ефикасна администрација на веб-страницата. Соодветни ресурси за хостирање и фино подесување на перформансите на веб страницата може да бидат помогнати со анализа на логовите на веб-серверите. Пристап до овие логови имаат само овластени администратори (супер админ) кои се одговорни за непречено функционирање на системите, бекапи и надоградби.
  • АПОД ги обработува податоците на Корисниците (име, презиме, телефонски број, e-mail адреса, работен статус и информации оставени во порака) само доколку доброволно ги дадете за регистрирање на Сервисот, користење на неговите услуги и за да добивате информативни пораки.
  • Во моментот Сервисот не користи Колачиња (“Cookies”).

Цели на обработка на личните податоци

Личните податоци се обработуваат доброволно врз основа на согласност од Корисниците и единствено за целта за која се собрани. АПОД ги обработува личните податоци за да овозможи пристап односно користење на услугите на Сервисот: аплицирање на бесплатни обуки по претходно утврдена агенда, креирање на групи за обуки, комуникација со корисниците поврзана со испраќање на информации и материјали, потсетување и контактирање за следни обуки.

Права на субјектот на личните податоци

Корисниците како субјекти на лични податоци имаат право на пристап односно право да добијат дополнителни информации (дали се врши обработка на личните податоци; за целите и правната основа на обработката на личните податоци и корисниците или категориите на корисници на кои им се откриваат личните податоци; за видот на личните податоци во врска со субјектот на личните податоци и изворот на податоци) кое можат да го остварат со поднесување барање на следната електронска адреса info@thrivity.mk.

АПОД е должен да одговори на субјектот на лични податоци, во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето.

Кога АПОД одговорил на барањето на субјектот на лични податоци, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на тој субјект, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале шест месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.

Субјектот на личните податоци има право да побара исправка односно дополнување, менување, бришење или запирање на понатамошна обработка на личните податоци со поднесување барање на следната електронска адреса info@thrivity.mk.

За извршеното дополнување, измена или бришење на личните податоци, АПОД е должен најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето писмено да го извести субјектот на лични податоци, корисниците на личните податоци или третите лица на кои им се откриени личните податоци, освен ако тоа не е возможно или ако тоа бара несразмерен напор или трошоци.

Тајност, заштита и откривање на податоците

АПОД презема и применува соодветни технички и организациони мерки за обезбедување тајност и заштита при обработка на личните податоци заради спречување неовластено откривање или пристап или нивна евентуална злоупотреба во согласност со Законот за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија и интерните правила. Сите лица кои имаат пристап до лични податоци се обврзани да ги чуваат личните податоци како доверливи и обучени се да обезбедат тајност и заштита при нивната обработка.

АПОД го задржува правото на откривање личните податоци на Корисниците во случаи предвидени со закон или кога е неопходно за водење на судска постапка или за заштита на нашите права и интереси.

Заштита на приватност на малолетни лица

Заштитата на личните податоци и приватноста на малолетните лица е особено важна за нас. За таа цел користењето на оваа Сервисот е забрането за лица помлади од 18 години. Со користење на Сервисот изјавувате дека сте полнолетно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да имате 18 години за ги користите услугите кои ги нуди. Доколку дојдеме до сознание дека пријавениот корисник нема навршени 18 години веднаш ќе ги отстраниме податоците поврзани со него.

Врски до други веб страници

Оваа Политика за приватност не се однесува на Вашата посета на други интернет страници до кои пристапувате преку врски (линкови) поставени на нашиот Сервис. Ние не сме одговорни за политиките или содржините на веб-страниците до кои има врски (линкови), ниту пак за каков било пренос на податоци кој настанал со веб-страницата до која има врска (линк). Со оглед дека посетата на трети веб-страници е на Ваша одговорност и ризик, Ве советуваме да се запознаете со Политиките за приватност на овие страници.

Промени на Политиката за приватност на личните податоци

Сервисот го задржува правото во секое време да ја менува и обновува оваа Политика за приватност. При промена на Политиката за приватност ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Повремено посетувајте ја Политиката за приватност за да бидете запознаени со евентуалните промени.

Прифаќање на условите

Со пристапување и/или користење на овој Сервис, Вие изјавувате дека сте се запознале и во потполност сте ги разбрале и прифатиле одредбите од оваа Политика за приватност и Правилата и условите за користење, вклучително и нивните последователни промени и сте одговорни повремено да ја проверувате нивната содржина, и дека давате изречна согласност за обработка на Вашите лични податоци од страна на АПОД.

Доколку не се согласувате со оваа Политика за приватност и/или со Правилата и условите за користење би Ве замолиле да не пристапувате и/или да го користите нашиот Сервис.

Контакт во врска со Политиката за приватност на личните податоци

Доколку имате било какви барања, прашања или предлози во врска со оваа Политиката за приватност или во врска со собирањето, користењето и откривањето на Вашите лични податоци, Ве молиме да не контактирате на:

Друштвото за услуги АПОД ДООЕЛ Гевгелија
Адреса: ул. Маршал Тито Г.Т.Ц. бр.23, Гевгелија
Електронска адреса info@thrivity.mk

Доколку нѐ контактирате, ние ќе Ви одговориме на истата адреса од која сме го добиле барањето или која Вие сте ја навеле. Вашата адреса нема да биде искористена за ниту една цел освен за да одговориме на Вашиот допис. АПОД може да ги чува Вашите пораки кои сте ни ги испратиле со цел да послужат како доказ при евентуален спор.

Објавено на 12.08.2020 година