12.04.2022 / 12:00-13:30 часот
Живеејќи и творејќи во време на 4-та индустриска револуција, го имаме тој предизвик, да чекориме по патот на глобалните истражувања и технолошките иновации, кои креираат нов свет, базиран на континуиран развој.
УКИМ има цврста заложба за движење во чекор со времето и новините кои ги носи светот на откритијата, свет кој создава цивилизациски придобивки и го подобрува општеството во целина.
Науката е значајна за секој поединец, станува отворена, разбирлива, граѓанска, двигател на развојот и дел од современото живеење.
Драги студенти, вклучете се на 12-ти Април во 12 часот на Zoom, бидете дел од дебатата за наука, и откријте зошто сте Вие потребни.
Настанот е дел од серијалот Зборуваме отворено, во организација на Центарот за кариера на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и THRIVITY Кариерниот центар, кој ги следи трендовите од областа на човечкиот капитал и се стреми кон остварување на визијата за креирање на отворен, конкурентен и транспарентен пазар на труд.
За да може да го следите настанот онлајн потребно е да ја пополните контакт формата.
Ве очекуваме!
Зборуваме за наука!
Зборуваме за младите!